Модните брендови „Зара“, „Бершка“, „Масимо Дути“, „Пул и беар“ и „Страдивариус“, францускиот синџир супермаркети „Kарфур“ и австрискиот кинооператор „Синeплекс“ се новите имиња кои првпат ќе отворат свои продавници во земјава. Продавниците ќе бидат отворени во септември во новиот трговски центар „Скопје сити мол“. Иако договорите со повеќето закупци на просторот беа потпишани пред повеќе од половина година, инвеститорот не ги откриваше нивните имиња поради клаузулите на доверливост во договорите. Познатите модни брендови во земјава ги носи групацијата „Индитекс“, која во „Скопје сити мол“ ќе закупи продажен простор од вкупно 4.350 квадратни метри. Најмногу простор ќе ~ припадне на „Зара“, која според најавите, во Македонија ќе ја отвори најголемата продавница во регионот. Освен модните имиња кои доаѓаат првпат, свои продавници ќе имаат и веќе присутните брендови како „Манго“, „Тимбрленд“, „Спрингфилд“, „Голден поинт“, „Бицијани“, „Хуго Бос“, „Бата“, „Мис сиксти“ и други.
Модните брендови „Зара“, „Бершка“, „Масимо Дути“, „Пул и беар“ и „Страдивариус“, францускиот синџир супермаркети „Kарфур“ и австрискиот кинооператор „Синeплекс“ се новите имиња кои првпат ќе отворат свои продавници во земјава.
Продавниците ќе бидат отворени во септември во новиот трговски центар „Скопје сити мол“, официјално објави вчера инвеститорот на објектот, компанијата „Балфин МK“.
Иако договорите со повеќето закупци на просторот беа потпишани пред повеќе од половина година, инвеститорот не ги откриваше нивните имиња поради клаузулите на доверливост во договорите.
Познатите модни брендови во земјава ги носи групацијата „Индитекс“, која во „Скопје сити мол“ ќе закупи продажен простор од вкупно 4.350 квадратни метри. Најмногу простор ќе ~ припадне на „Зара“, која според најавите, во Македонија ќе ја отвори најголемата продавница во регионот. Освен модните имиња кои доаѓаат првпат, свои продавници ќе имаат и веќе присутните брендови како „Манго“, „Тимбрленд“, „Спрингфилд“, „Голден поинт“, „Бицијани“, „Хуго Бос“, „Бата“, „Мис сиксти“ и други.
Голем дел од првиот кат ќе биде резервиран за хипермаркетот „Kарфур“, во кој претежно ќе се продаваат прехранбени продукти. Според најавите на генералниот извршен директор на „Балфин МK“, Питер Варден, француската компанија ќе отвори уште неколку други продавници во Скопје и во поголемите градови низ земјава.
Австрискиот кинооператор „Синeплекс“ ќе отвори девет киносали со 3Д-технологија на површина од вкупно 2.630 квадратни метри. Планирано е освен филмови, во живо да се прикажуваат и концерти, како и спортски натпревари од европски, светски првенства и олимпијади.
Според Варден, во трговскиот центар останале слободни уште 15 отсто од продажниот простор, кој ќе им биде понуден за закуп на локалните компании. „Скопје сити мол“ треба да биде отворен во септември, а планирано е во него да се вработат 2.200 луѓе.